Terms and Conditions.
Враќање на производот
Враќање на исправен производ на барање на купувачот.
Враќање на нарачан производ може да се изврши во рок од 14 дена од приемот на пратката. Производот ќе биде прифатен САМО И ИСКЛУЧИВО доколку е во оригиналното пакување и на истиот нема видливи оштетувања. Доколку производот кој се враќа е облека, истиот НЕ СМЕЕ да биде перен, носен или пеглан. Доставата при процес на враќање на исправен производ, а на барање на купувачот, е на сметка на купувачот. Доколку производот кој се враќа е мебел, истиот МОРА да биде во оригиналното пакување, без видливи или стуктурни оштетувања и знаци на употреба и истиот не смее да биде склопуван. Доставата при процес на враќање на исправен производ, а на барање на купувачот, е на сметка на купувачот. Доколку производот кој се враќа е електричен апарат, ТВ уред или било кој друг тип на производ кој во себе содржи електрични и/или електронски компоненти, МОРА да биде во оригиналното пакување, со сите свои делови и во исправна и функционална состојба. Доставата при процес на враќање на исправен производ, а на барање на купувачот, е на сметка на купувачот. Без разлика на начинот на плаќање, рефундацијата на средства при враќање на производ се врши САМО И ИСКЛУЧИВО на трансакциската сметка на нарачателот..










